Во Косово денеска прогласен Ден на жалост по вчерашните немири

Косово немири / Фото Архива

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека по смртоносните напади во неделата во селото Бањска на северот на Косово, шест лица се приведени и тие се осомничени за повеќе кривични дела, од кои едното и за тероризам. Косовските власти денешниот ден го прогласија за Ден на жалост, пренесува Ал Џезира Балканс.

„Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството, пренесува Танјуг.

Обвинителството соопшти дека во акцијата во неделата биле запленети возила со значително количество оружје. Уапсените добија притвор до 48 часа.

Утрово засега е мирно на северот на Косово, откако завчера во размената на оган меѓу вооружена група и полиција загинаа еден полицаец и тројца напаѓачи, а повеќе беа уапсени и ранети.

Напаѓачи со оклопни возила во неделата упаднаа во село во регионот на северно Косово со мнозинско српско население, судирајќи се со полицијата и се забарикадираа во православен манастир.

Косовската полиција соопшти дека еден полицаец и тројца од околу 30 напаѓачи биле убиени во престрелка околу селото Бањска.

Монасите и аџиите беа затворени во српскиот православен манастир среде неколкучасовна опсада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот