Во Копа Либертадорес ќе се игра натпревар на 4.083 метри надморска височина

Фото: EPA-EFE/Martin Alipaz

Јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ во договор со ФИФА го одобри натпреварот во Копа Либертадорес помеѓу Ојвес Реди од Боливија и Спортинг Кристал од Перу.

Натпреварот кој е закажан за на 20-ти февруари ќе се игра во боливискиот град Ел Алто на надморска височина од 4.083 метри. Претставниците на јужноамериканската конфедерација во понеделникот го прегледаа стадионот „Вила Ингенио“ кој е отворен во 2017 година и дадоа зелено светло тука да се одигра средбата од второто коло во Копа Либертадорес.

Стадионот е со капацитет од 25.000 луѓе, додека на фудбалерите на теренот веројатно нема да бидат во нормална ситуација бидејќи на поголема надморска височина воздухот е поредок и многу побрзо може да дојде до замор.

„За нас ова е историски ден, но и за градот Ел Алто“, изјави претседателот на Ојвес Ренди, Андреас Коста.

Клубот е основан во 1933 година, но во боливската прва лига се врати во 2019 година за првпат по 28 години и четврти пат во својата историја ќе учествува на Копа Либертадорес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот