Во контрола на јавен превоз на патници откриени возила со неисправни сопирачки

Автобус на ЈСП/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во текот на денешната претпладневна акциска контрола тетовската полиција проверувала техничка исправност кај возила кои вршат јавен превоз на патници. Казни има за возила кај кои било утврдено дека биле неисправни како и за друг вид прекршоци.

-Денеска од 8 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, автобуси, такси комбиња и други во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 4 технички неисправни возила односи возачи. Три од возилата имале неисправни сопирачки, додека едно возило било со некомплетна опрема и неисправни други уреди. Возилата со неисправни сопирачки веднаш се исклучено од сообраќај, на сите изготвени им се соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај ова кај седум возила откриени се други недостатоци од техничка природа и карактеристики додека за осум возила друг вид на сообраќајни прекршоци.

Извор: МИА

Видео на денот