Во Кисела Вода фатен крадец кој ограбил казино

Игри на среќа / Фото: Илустрација

Вчера во Кисела Вода бил уапсен 43-годишен жител на главниот град, кој е осомничен дека ограбил казино во скопската населба, соопшти МВР.

„На 17.09.2021 во 10.00 часот на ул.„Вера Јоциќ” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Е.А.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. На 16.09.2021 од казино на ул.„Христо Татарчев” тој одзел пари. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот