Во Кина се појави нов вирус „Лангија“, засега нема информации колку е опасен

Откриен нов вирус / Фото: МИА

Хенипавирусот Лангија, кој може да се пренесе од животните на луѓето, е откриен во Кина, а досега се пријавени 35 човечки инфекции, соопшти тајванскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), додавајќи дека нацијата ќе воспостави метод за тестирање на нуклеинска киселина за да се идентификува вирусот, пишува Таипеј Тајмс.

Магазинот „Њу енгланд журнал оф медицин” во четвртокот објави дека во Кина е идентификуван нов хенипавирус поврзан со човечка болест што предизвикува треска. Студија направена за овој вирус вели дека истрагата идентификувала 35 пациенти со акутна инфекција со Лангија хенипавирусот во кинеските провинции Шандонг и Хенан, а 26 од нив биле заразени само со вирусот Лангија, без други патогени.

Дури 26 пациенти развиле симптоми вклучувајќи треска (100 проценти), замор (54 проценти), кашлица (50 проценти), губење на апетит (50 проценти), мускулна болка (46 проценти), гадење (38 проценти), главоболка (35 проценти) и повраќање (35 проценти).

Пациентите исто така, покажале и намалување на белите крвни зрнца (54 проценти), низок број на тромбоцити (35 проценти), откажување на црниот дроб (35 проценти) и откажување на бубрезите (8 проценти).

Запрашан за потврда, заменик-генералниот директор на Центарот на зарази и превенција ЦДЦ, Чанг Јен-хсианг, во неделата рече дека според студијата, не е пријавен пренос на вирусот од човек на човек

Сепак, бидејќи ЦДЦ допрва треба да утврди дали вирусот може да се пренесе меѓу луѓе и колку е тој опасен Јен-хсианг истакна дека треба да се обрне големо внимание и дополнителни ажурирања за вирусот.

„Бидејќи вирусот Лангија е новооткриен вирус, тајванските лаборатории ќе треба да воспостават стандардизиран метод за тестирање на нуклеинска киселина за да го идентификуваат вирусот, за да може да се следат човечките инфекции, доколку е потребно“, додаде Чуанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот