Во каква вода се варат јајцата – во ладна или во топла? Професионалните готвачи конечно дадоа одговор

Фото: PxHere

Ако напишете „тврдо варени јајца“ во пребарувачот на Гугл, ќе пронајдете повеќе од 28 милиони статии за тоа како да ги сварите или приготвите, со тоа што советите за варење се различни: од тоа дека само треба да ги ставите во завриена вода и да ги варите од три до пет минути, па до тоа дека е подобро да ги ставите во ладна вода, а потоа полека да ги варете десет минути.

Ниту бројните печатени книги за готвење за тоа што е подобро, ако сакате да подготвите тврдо варени јајца, не нудат еднозначајно решение. Така, на пример, еден од авторите на книгата за готвење, Марк Битман, вели дека јајцата треба да ги ставите во тенџере со вода на собна температура, да ја вклучите ринглата и да ја оставите водата да зоврие. Потоа, да го исклучите шпоретот и да го поклопите тенџерето и да ги оставите јајцата да отстојат десет минути.

Од друга страна, Џеј Кенџи Лопез-Алт, добитник на наградата „Фуд лаб“ (The Food Lab), препорачува да ги спуштите јајцата во веќе зовриена вода 30 секунди, а потоа веднаш во таа вода да додадете коцка мраз, за да се намали температурата. Потоа, температурата треба да се намали и јајцата да се варат уште 11 минути.

Па, како всушност да ги сварите јајцата за да бидат тврди?

Еве што велат двајца професионални готвачи – Ник Корби (ко-основач на „Ег шоп“ и автор на книгата „Ег шоп“) и Џејсон Хуа (холандски готвач – шеф) од Њујорк: и двајцата се согласуваат дека јајцата треба да се стават во тенџере со завриена вода.

– Забележав дека јајцата се лепат за лушпата кога ги ставам во ладна вода – рекол Хуа.

И Лопез-Алт вели во својата книга дека белките кои се варат во ладна вода посилно се врзуваат со мембраната од внатрешната страна на лушпата на јајцето, така што можеби тоа и не е најдобриот избор ако по варењето сакате да ги исчистите така што да останат во едно парче.

Корби вели дека е важно да се сварат и во доволно вода за да ги покрие сите јајца, така што водата да е барем еден сантиметар над нив. Додава дека тој лично по малку суеверно во водата додава малку оцет, сол и прстофат сода-бикарбона пред да се загрее, за да биде сигурен дека јајцата ќе можат подобро да се излупат.

Откако ќе ги спуштите во врела вода, оставете ги да се варат 10 до 11 минути, во зависност од големината, советува Хуа, додека Корби предлага да се намали температурата и да се варат 8 минути.

Откако ќе ги сварите јајцата, тајната е во тоа веднаш да ги префрлите во ледена вода, односно во сад наполнет со мраз и малку ладна вода, за да го запрете понатамошното варење во јајцето и што поскоро да ги изладите.

– Ова е многу важно за полесно да се излупат јајцата, а да останат конзистентни – вели Корби, кој ги остава јајцата во ледена вода најмалку пет минути пред да почне да ги лупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот