Во јуни со статус на невработени се стекнале 3.656 лица

Над 2.800 работници останале без работа со спогодбен договор во периодот од 11 март до 30 април, соопштуваат од АВРМ.

Агенцијата за вработување денеска изврши исплата на средства за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384,00 денари.

Како што информираат од таму направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок, во износ од 49.781.261, 00 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот, односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот.

Во Агенцијата за вработување во периодот од 1 до 30 јуни годинава со статус на невработени лица по основ на прилив од работен однос, чија одјава од задолжително социјално осигурување е регистрирана во период после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот, се стекнале 3.656 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот