Во Италија спортот без навивачи до крајот на годината

фото: твитер/football-espana.net

Италијанската влада проценува дека дури во 2021 година ќе биде решена кризата со коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот во Италија полека започна да стивнува, бројот на жртви на дневно ниво се намалува, поради што челниците на Серија А и екипите прават планови како да се заврши сезоната за да не останат без парите од ТВ правата.

Телевизијата Медиасет дојде до посед на таен владин документ во кој пишува дека оваа година нема да има навивачи на трибините.

Главен адут на италијанската влада за оваа одлука е натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија кој претставуваше „биолошка бомба“ поради која, според зборовите на експертите коронавирусот ги покоси Италија и Шпанија.

За разлика од навивачите кои нема да смеат да присуствуваат на трибините, враќањето на спортистите на терените се очекува да биде на крајот од мај доколку бројките на заразени и починати продолжат да се намалуваат.

Исто така се очекува на почетокот од мај, поточно на 4. мај, Владата да го намали полицискиот час со што би им се овозможило на фудбалерите да продолжат со тренинзите. Како првичен датум на кој ќе продолжат натпреварите во Серија А е предвиден 31 мај.

Од почетокот на кризата со коронавирусот досега во Италија се заразени повеќе од 156.000 лица, а се починати речиси 20.000 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот