Во Хрватска поголем данок за компаниите со зголемена добивка

Хрватскиот Сабор денеска на вонредна седница го изгласа Законот за дополнителен данок на добивка, според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат оданочени независно дејноста што ја вршат.

За воведување дополнителни даноци гласаа 96 пратеници, а 37 беа против, јави Хина.

Новата давачка ќе ја плаќаат компаниите кои во 2022 година имале годишен приход од над 300 милиони куни (приближно 40 милиони евра), со стапка од 33 отсто, но само за добивки кои се за 20 отсто повисоки од четиригодишниот просек.

Данокот е еднократен, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните потрошувачи на енергија, пред се ранливите домаќинства, така што дополнителниот данок на добивка има елемент на солидарен придонес.

Беа донесени уште неколку финансиски закони, меѓу кои и измените на Законот за кредитни институции, за да се обезбеди Европската централна банка од 1 јануари да може да врши надзор врз кредитните институции во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот