Во Грција се роди првото бебе од мајка позитивна на новиот коронавирус

Фото: МИА

Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со коронавирусот, а пак резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неделата, 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за коронавирусот, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг.

Според ректорот на атинскиот Универзитет во чии рамки е и Клиниката за гинекологија, жената била хоспитализирана и активиран планот за третман на бремени жени, а вчера се породила со царски рез.

Директорката на Гинеколошката клиника Софиа Калантариду за грчката телевизија Скај рече дека во болницата веќе постои специјален оддел наменет за вакви случаи, а вработените веќе имале соодветна обука особено во делот со специјалните скафандери за заштита.

Токму тоа го споменува и гинекологот Јоргос Хрељас, кој вели дека со оглед на тоа што знаеле дека жената е заразена со коронавирусот, потребна била дополнителна претпазливост и лична заштита, а искуството, вели било „и малку стресно на почетокот“, бидејќи „униформата е малку чудна, едноделна униформа, како астронаут“.

Целиот случај го коментираше и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас преку неговиот официјален Твитер профил објавувајќи селфи фотографија на лекарите со мајката.

-И на сред тешкотии, се роди надеж. Докторите и медицинските сестри во болницата „Атикон“ по раѓањето на првото дете во нашата земја, од мајка позитивна на коронавирусот. Бебето е здраво – напиша Кикиљас на неговиот официјален Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот