Во дербито на стартот на ватерполо турнирот Шпанците ја „потопија“ Србија

EPA-EFE/Tibor Illyes

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија со 13:12 ја совлада селекцијата на Србија во дерби пресметката од првото коло на ватерполо турнирот на ЛОИ во Токио.
Интересно е што светскиот шампион Шпанија ја оствари четвртата победа во последните четири пресметки против Србија.

Шпанците беа подобар тим, освен почетното испитување на силите во првата четвртина беше нерешено 4:4 по што, светскиот шампион успеа да го крене нивото на игра и да поведе со 8:6, а потоа и со 10:8. Ватерполистите на Србија успеаја да се вратат во игра и (10:10) но потоа Шпанија ја искористи предноста од играч повеќе во нападот и со два брзи гола поведе со 12:10, а потоа и со 13:11 на две минути до крајот. Србија успеа да намали на 13:12, но во последниот напад не успеаја да постигнат гол и да дојдат до бод.

Во првиот ден од ватерполо турнирот се случи едно големо изненадување, фаворитот Унгарија загуби со 9:10 од Грција. Останатите фаворити немаа проблеми, Италија со 21:2 ја совлада Јужна Африја, САД со 15:13 славеше над Јапонија додека Црна Гора ја совлада Австралија со 15:10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот