Во деновите со високи температури пијте сурутка за да се разладите

Високите температури веќе станаа секојдневие, па доколку сте во дилема како да се разладите, обидете се тоа да го направите со редовно пиење сурутка.

Луѓето на овие простори, отсекогаш ја користеле сурутката како напиток за разладување.

Препорачливо количество сурутка за еден возрасен човек во текот на 24 часа е околу еден литар.

Сепак, бидете внимателни со нејзиното консумирање доколку имате здравствени проблеми поврзани со бубрезите.

Освен за разладување, овој исклучително здрав напиток можете да го искористите и за детоксикација на вашето тело од наталожените отрови. Затоа, доколку сакате да го пробате ваквиот начин на детоксикација на вашето тело, тогаш неколку денови по ред пијте сурутка.

Понекогаш сурутката можете да ја консумирате и како замена за оброк, се разбира додавајќи во неа, на пример, мелено ленено семе или некои други жита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот