Во Центарот за култура се одржа трибина посветена на здравјето на битолчани
Во организација на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во Центарот за култура во Битола се одржа трибина на теми поврзани со здравјето, превенцијата, болестите, заштитата и лекувањето на луѓето.
Препорачано
Првата ваква трибина посветна на здравјето на луѓето се одржа под мотото „Крошу се грижи за Вашето здравје“!
На трибината главни говорници беа еминентни доктори, специјалисти од повеќе области познати по својата стручност, професионалност и пред се хуманост.

Говорниците на трибината на присутните им споделуваа совети во областите за кои се стручни со посебен акцент дека раното откривање на симптомите на болестите и посетата на лекарите може да ги спаси луѓето од серизони болести.
-Овој настан кој е од посебно значење и покажува колку е важно и потребно да се зборува на темата здравје, затоа што здравјето е највредното богатство што можеме да го имаме. Доколку имаме здраво тело и ум, се друго можеме да постигнеме, велат организаторите на трибината компанијата “Кромберг и Шуберт”


