Фото: EPA-EFE/JALAL MORCHIDI

Во бурното судење на Роберт де Ниро вмешана сегашната партнерка: Ако ја задржиш, ќе имаме проблем

Роберт де Ниро сведочеше на судењето во Њујорк, што произлезе од тужбата на поранешната лична асистентка Греам Чејс Робинсон, од која актерот беше обвинет за низа прекршоци кои се движат од родова дискриминација до злоупотреба на работното место.

Судот дозна дека актерот бурно реагирал кога неговата асистентка се заканила дека ќе ангажира адвокати откако дала отказ од работата во неговата компанија „Канал продукшн“, како што пренесува „Дејли мејл“.

Покрај тоа, на поротата ѝ беа прикажани пораките што во 2019 година ги размениле Роберт де Ниро и неговата сегашна партнерка Тифани Чен, со која актерот ја има петмесечната ќерка Џиа.

Во пораките од јули 2019 година, Де Ниро напишал:

„Можеш ли да поверуваш? Која мисли дека е таа?“, напишал тој.

“Таа мисли дека е твоја сопруга. Тоа го видов од почеток, ти реков”, одговорила Тифани Чен.

„Дрскост. Како се осмелува!?“, бесно одговорил Де Ниро.

„Том ќе се погрижи за неа“, рекла Тифани, мислејќи на адвокатот на глумецот кој ја тужел Греам дека украла од компанијата.

Инаку, актерот претходно негираше дека ја отпуштил Греам поради притисок од неговата парнтерка Тифани Чен. Потоа, на поротата ѝ беше прикажана е-пошта разменета помеѓу Чен и Де Ниро во 2 часот наутро на 28 март 2019 година

„Ако ја задржиш, јас и ти ќе имаме проблем. Не знам како не можеш да го видиш. Не сакаш да го видиш затоа што си блиску до неа“, му напишала Тифани на актерот, нарекувајќи ја Робинсон одвратна кучка.

Актерот се согласил дека однесувањето на неговата поранешна асистентка е неприфатливо.

„Нема да бидам среќна додека не ми кажеш дека бараш замена за неа. Да ја држам блиску е само шлаканица за мене“, инсистирала Чен.

Потоа, адвокатот на Греам го праша актерот дали овој разговор го смета за ултиматум.

„Вие тоа го нарекувате ултиматум, јас не“, рече актерот.

Тој истакна дека Тифани само еднаш побарала од Греам да ја напушти работата во компанијата на актерот.

„Никој не ми кажува што да правам во моето друштво, точка“, додал Де Ниро.

Актерот се надоврза и рече дека никогаш не ѝ се заканил на Греам бидејќи тоа не е негов начин. Адвокатот потоа го праша дали си играл со стап или морков кога ја убедил Греам да остане да работи кај него во 2018 година, иако таа најавувала отказ.

“Каков морков или стап? Не знам за што зборувате. Тоа не е мој начин”, рече тој.

Нејзиниот адвокат продолжи со испрашувањето, прашувајќи го Де Ниро дали му се заканил на својот клиент со лоши препораки за нова работа.

“Јас не го правам тоа! Велите дека ѝ се заканував. Не го правам тоа. Таа работеше за мене. Јас се однесував со неа со почит”, одговорил актерот.

Според Де Ниро, тој и Греам разговарале и преговарале, а нејзината годишна плата скокнала од 200.000 на 300.000 долари.

“Минавв низ развод. Реков дека не е добро време. Знаев што прави, таа го избра моментот да каже дека ќе замине. Реков дека не мора да го направи тоа. Зборувавме за тоа“, додал Де Ниро.

Инаку, Робинсон работеше за Роберт де Ниро од 2009 до 2018 година. Правната битка меѓу ѕвездата и неговата поранешна вработена започна во 2019 година, кога продукциската куќа на Де Ниро ја тужеше Робинсон за наводно крадење на милиони долари од компанијата, и гледање Нетфликс со часови на работа.

Робинсон тогаш поднесе контратужбата за родова дискриминација од 12 милиони долари, обвинувајќи го Де Ниро за сексуално вознемирување и друго недолично однесување за време на нивната децениска работна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот