Во Британија 7,1 милион луѓе чекаат за преглед во државните болници

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки /Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Бројот на луѓе на листите на чекање во британскиот јавен здравствен систем достигна рекордно високо ниво од 7,1 милион пациенти, покажуваат официјалните бројки.

Борејќи се да го надомести заостатокот создаден од пандемијата ковид-19, британската Национална здравствена служба (НХС) забележува дека клиентите чекаат се повеќе за прегледи, вклучително и за рак, како и за рутинска и итна помош.

Листата на чекање за болничко лекување на крајот на септември се зголеми за 100.000 на 7,1 милиони луѓе, што е најголем број од почетокот на евиденцијата во август 2007 година. Околу еден од 18 луѓе на листата на чекање за болничко лекување чекаат повеќе од една година, иако бројот на луѓе кои чекаат 18 месеци за лекување е намален за речиси 60 отсто за една година, соопшти НХС Англија.

Но, службите за несреќи и итни случаи објавија нов пораст на бројот на луѓе кои мораат да чекаат повеќе од 12 часа за болнички кревет. Се чини дека состојбата нема да се подобри бидејќи медицинските сестри најавија штрајк, а зимата носи поголем притисок поради ширењето на сезонските вируси како што е грипот.

Кралскиот колеџ за медицински сестри вчера го објави првиот штрајк ширум Велика Британија во 106-годишната историја на синдикатот поради зголемените трошоци за живот. Се очекува штрајковите да започнат пред крајот на годината, а датумите ќе бидат објавени наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот