Во борбата против корупцијата имаме напредок, но не е доволен, оценува Пендаровски

Во земјава има неспорен напредок во борбата против корупцијата ако се гледа извештајот на Транспаренси интернешенел, но тој не е доволен, вели претседателот Стево Пендаровски.
Во изјава за медиумите по обраќањето на тркалезната маса на Советот на амбасадори „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“ потсети дека според извештајот имаме скок од 24 места што не е за потценување но далеку сме од европскиот процес.

-Имаме скок од 24 места на таа табела што не е мала работа. Но, како што кажав и во годишното обраќање во Собранието, тоа не е доволно затоа што и на таа позиција на која сме, на 87-мо место од 180 држави во светот кои се анализирани и мерени, ние сме сепак далеку од европскиот просек и тоа треба да ни биде целта. Значи, напредок имаме, меѓутоа не е доволен – рече Пендаровски.

Тој во контекст на напредокот во борбата против корупцијата не го коментираше вчерашниот став на Судскиот совет за Апелацискиот суд и чувањето во фиока на предмети во кои обвинет е и Сашо Мијалков и кусо одговори дека „не го негира она што го кажува Судскиот совет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот