Во борба против коронавирусот, Италија ќе ги изолира Ломбардија и уште 11 провинции

Италија се подготвува да го затвори најбогатиот и најнаселен регион – Ломбардија, чија финансиска престолнина е Милано, во рамките нови мерки против епидемијата на новиот коронавирус.

Новите правила вклучуваат луѓето да не можат да патуваат од и во Ломбардија, каде живеат околу 10 милиони луѓе. Мерките ќе важат и за уште 11 италијански провинции.

Сите музеи, вежбалници, културни центри, скијалишта и базени ќе бидат затворени. Мерките беше предвидено да стапат во сила вчера, но локалните политичари побараа повеќе време за разгледување на рестрикциите.

Италијанската Влада вчера донесе одлука за дополнително вработување на околу 20.000 здравствени работници, како и зголемување на бројот на кревети во болничките одделенија за интензивна нега да го зголеми од 5.000 на 7.500.

Планирано е вработување на 5.000 лекари специјалисти, 10.000 медицински сестри и 5.000 негуватели. Владата планира и привремено вработување на пензионирани лекари.

Новите мерки предвидуваат и претворање, по потреба, на некои хотели во приемни центри за лица во карантин.

Во Италија со новиот коронавирус се регистрирани 5.883 лица, од кои 233 починале, a 589 оздравеле.
Со Ковид-19 е заразен и лидерот на италијанската Демократска партија, Никола Зингарети, кој на Фејсбук информира дека се чувствува добро, но мора да мирува во својот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот