Во Битола се дислоцира пунктот за вакцинација за заштита од ковид и сезонски грип

Теренска вакцинација / Фото: МИА

Вакциналниот пункт лоциран во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи”-Битола денес се дислоцира во училишната амбуланта на основното училиште „Даме Груев” во Битола и од утре вакцинацијата продолжува во тамошната амбуланта.

Масовната имунизација на населението од градот и регионот која се одвиваше во спортската сала на средното медицинско училиште завршува и објектот по завршена дезинфекција и генерално чистење повторно ќе биде во функција на наставниот процес на средношколците, додека пак вакцинирањето против ковид и сезонскиот грип од утре и секој ден во терминот од 8 до 20 часот ќе се врши во училишната амбуланта во месноста Јени Маале.

Според епидемиолошките анализи во моментов во Битола активни се 506 случаи на заболени лица од ковид, а од почетокот на пандемијата вкупно регистрирани се 8.851 лице. Како што е познато, тестирање за проверка од инфекција со КОВИД се врши во Центар за јавно здравје-Битола и болницата „Плодност” во овој град.

Видео на денот