Во БиХ се удави синот на осуден терорист, стрикото во обид да го спаси – настрадал

Фото: Screenshot/Google Street View

Босниќ во 2016 година пред Судот на БиХ правосилно е осуден на седум години затвор откако е прогласен за виновен за тероризам и ја отслужува казната во таа земја.

Дете и маж од средни години смртно настрадале кај Сански Мост во БиХ давејќи се во река, а локалните медиуми пренесоа дека во прашање се блиски роднини на Билал Босниќ, еден од лидерите на радикалните исламисти.

Портпаролот на полицијата во Бихаќ, Але Шиљдедиќ потврди дека во реката Сана се удавило 15 – годишно дете и неговиот 50-годишен стрико.

Детето скокнало во реката иако не знаело да плива па почнало да се дави. Стрикото потоа се обидел да го спаси, но и него го повлекла водената струја и двајцата се удавиле.

Спасители се повикани веднаш, но успеале само да ги пронајдат безживотните тела на двајцата давеници и да ги извлечат на брегот на Сана.

Според наводите на Дневни аваз, настраданото дете Мухамед бил син, а мажот Омер брат на Хусеин Билал Босниќ, водач на заедницата на радикални исламисти кож живеел во Бужим во Унско – санската жупанија.

Босниќ во 2016 година пред Судот на БиХ правосилно е осуден на седум години затвор откако е прогласен за виновен за тероризам и ја отслужува казната во таа земја.

Утврдено е дека тој своите следбеници ги плаќал за придружување кон терористичката организација Исламска држава за да војуваат во нејзините редови во Сирија и Ирак.

Босниќ од шеријатските бракови со неколку жени има дури 18 деца, што судот го зеде како олеснителна околност при изрекувањето на казната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот