Во Берлин годинава над две илјади кривични пријави против активисти за климата

Активисти против климатските промени на самитот на ОН во Египет COP27/Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Само во главниот град на Германија, Берлин, годинава се поднесени 2.200 кривични пријави против климатски активисти, кои веќе се казнети со 600 парични казни, изјави началничката на берлинската полиција Барбара Словик.

Активистите од средината на јануари досега ги блокирале улиците во Берлин 276 пати. До средината на декември се случија 42 други акции на активисти, од кои некои се сметаат за криминални дела, изјави таа за агенцијата ДПА,.

Словик додава, полицијата поради радикалните протести потрошила 220.000 дополнителни работни часови на улица.

Групата „Последна генерација” започна со блокади во втората половина на јануари годинава, а од октомври оваа група радикални активисти ги прошири своите активности низ Германија. Според Словик, во таа група има околу 500 луѓе од Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот