Во Англија над 1.000 случаи заболени со нов вид на коронавирус

Коронавирус. / Фото: Архива на Слободен печат

Во Англија е откриен нов мутиран вид на коронавирус. Според секретарот за здравство Мет Хенкок кој денес во Долниот дом говореше пред пратениците, новиот вид на коронавирус е регистриран во најмалку 60 различни локации, пренесе Би-Би-Си.

„Во моментов идентификувавме над 1.000 случаи инфицирани со овој вид, претежно во Јужна Англија, иако случаите се идентификувани во скоро 60 различни области.“

Хенкок рече дека Светската здравствена организација е известена, а британските научници прават детални студии. Тој не сакаше да коментира дали вакцината ќе има ефект и против овој вид на коронавирусот.

На пратениците им рече дека во текот на минатата недела имало нагло зголемување на инфекциите со коронавируси низ Лондон, Кент, делови од Есекс и Хертфордшир.

Професорот Алан МекНали, експерт на Универзитетот во Бирмингем, рече дека лабораториите за тестирање во Велика Британија го забележале овој нов вид во последните неколку недели.

Тој за Би-Би-Си изјави: „Да не бидеме хистерични. Не значи дека е попреносен или поинфективен или поопасен. Тоа е нешто што треба да се внимава. Се вложуваат големи напори за да се карактеризира видот со варијантата и се разбере нејзиното појавување. Важно е да се задржи мирна и рационална перспектива за видот, бидејќи тоа е нормална еволуција на вирусот и очекуваме нови варијанти се појавуваат и исчезнуваат со текот на времето.“

Доктор Џереми Фарар, директор на Wellcome, рече дека оваа појава е потенцијално сериозна. „Надзорот и истражувањето мора да продолжат и мора да ги преземеме неопходните чекори за да останеме пред вирусот.

Џонатан Бол, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот во Нотингем, рече: „Генетските информации кај многу вируси можат да се променат многу брзо и понекогаш овие промени можат да имаат корист од вирусот – дозволувајќи му да се пренесува поефикасно или да избега од вакцините или третманите – но многу промени воопшто немаат ефект.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот