Во Албанија почнува имунизацијата на лицата над 65-годишна возраст

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, најави дека следните денови во земјата ќе пристигнат нови количества вакцини од „Фајзер” и „Синовак”, со што ќе почне вакцинацијата на лицата над 65 години и хронично болните.

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, најави дека следните денови во земјата ќе пристигнат нови количества вакцини од „Фајзер” и „Синовак”, со што ќе почне вакцинацијата на лицата над 65 години и хронично болните.

Манастирлиу, која заедно со премиерот Еди Рама, беше во градот Фиер каде од блиску го следеше текот на вакцинацијата, ја остави отворена можноста имунизацијата да почне и за лицата над 60 години.

-Во сите села и оддалечени области направивме 100 отсто дистрибуција на вакцини од „Фајзер” и „Спутник В”. Со нетрпение, деновиве очекуваме нова пратка од „Фајзер” и „Синовак”. Ја отвораме страницата +65, можеби +60 заедно со хронично болните, рече Манастирлиу.

Претходно министерката на Фејсбук објави дека заклучно со вчерашниот ден против Ковид-19 имунизирани се 185.496 лица.

Во Албанија вакцинацијата почна на 11 јануари со 975 вакцини добиени, како што тогаш изјави Рама, од пријателска земја, членка на ЕУ по што продолжи со вакцини од „Фајзер”, „АстраЗенека”, „Спутник В” (10.000 донација од ОАР) и од „Синовак”. Досега во земјата приситигнати се 282 илјади дози вакцини.

Како што најавија и Рама и Манастирлиу до јуни очекуваат да бидат имунизирани половина милион албански граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот