Во Африка се појави нов вид на комарец кој пренесува маларија, експерите загрижени

комарец

Во африканските градови се појави нов вид на комарец што пренесува маларија, со потенцијални катастрофални последици за жителите, се вели во новото истражување.

Ларвите од Anopheles stephensi – главниот вектор на маларија во Индија, сега се присутни во изобилство на места низ цела Африка, велат истражувачите од холандскиот  медицински центар на Универзитетот „Radboud“ и етиопскиот истражувачки институт „Armauer Hansen“.

Вектори се живи организми кои можат да пренесат заразни патогени микроорганизми помеѓу луѓето или од животните на луѓето.

Овој вид комарец се појавил во Африка пред само неколку години. Сега, овој инвазивен истект е во изобилство присутен во градовите во Етиопија, велат истражувачите.

Instagram
Instagram

Познато е дека повеќето африкански комарци кои можат да пренесат маларија се размножуваат во руралните области. Сепак, експертите веќе се загрижени дека овој конкретен комарец е присутен и во урабаните области, вклучувајќи ги градовите во Етиопија, Судан и Џибути, што според истражувачите може да го зголеми ризикот од маларија.

Според Светската здравствена организација, во 2019 година 94% од сите случаи на маларија и смртни случаи биле регистрирани во Африка.

Instagram
Instagram

Истражувачите предупредуваат дека мора да се преземат брзи активности за да се запре ширењето на комарците и во други урбани области на африканскиот континент.

Претходните примери на поранешни регионални комарци кои „станаа глобален проблем“, како што е азискиот тигар-комарец, кој сега е „во процес на напад врз северна Европа“, треба да послужат како предупредување дека е потребно итно дејствување за решавање на проблемот“, вели Џо Лајнс, професор за контрола на маларија и векторска биологија.

Таа исто така предупреди дека последиците ќе бидат сериозни ако Anopheles stephensi почнат да ги напаѓаат и другите  градови во Африка, пишува „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот