ВНИМАВАЈТЕ СИТЕ: Исчезна синот на Зоран Роџер, кој ќе го види нека пријави

Фото: Фејсбук

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоки Роџер апелира до јавноста да му помогне да го најде својот син Давид.

„Исчезнат е синот на Роџер Илиев Зоран. Зоран и неговото семејство се во Австралија за жал и не можат ништо да направат од таму! Затоа овој апел е до сите нас од Скопје! Оставете се и почнете да го барате Давид! Почнете од Вардар, кејот на Вардар околу Аеродром, околните паркови во Аеродром и да го превртиме цело Скопје! Ве молам, ургентно е, можеби од нас зависи се во моментов!

Дечкото за жал бил во депресија во последниов период. Исчезнат е од утринава од 10:00 во населба Аеродром! Пријавено е во полиција, но според законите полицијата ќе чека да изминат 24 часа! Затоа ќе мора да реагираме сите ние ВЕДНАШ!

Да станеме сите и да ја почнеме потрагава! Му требаме на семејството

П.С. Не го вознемирувајте семејството непотребно, освен ако немаме сигурна информација ве молам! Доколку имаме некое инфо јавете на 071229903 или 075363665“, напишала Верче Крстевска на објава на Фејсбук на профилот на Зоран Роџер.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот