Внимавајте, отровни се! Кои цвеќиња не треба да ги имате дома (ФОТО)

Се­кој од нас во до­мот има де­ко­ра­тив­ни рас­те­нија, кои мо­же­би и не би тре­ба­ло да ги има­ме до­кол­ку сме со ма­ли де­ца до­ма или до­кол­ку чу­ва­ме ми­ле­ниче. Се­пак ако не мо­же­те да се от­ка­же­те од нив, то­гаш би­де­те мно­гу вни­ма­телни. Не­кои бил­ки се мно­гу от­ровни.

Осо­бе­но чув­стви­тел­ни на нив­ни­те лис­тови, гран­ки па и ко­рења, се де­ца­та по­ма­ли од шест го­дини.

За­тоа, до­кол­ку во ва­ши­от дом препоз­на­е­те не­кое од овие де­ко­ра­тив­ни рас­те­нија, час по­ско­ро из­ва­де­те ги во двор или на те­раса.

До­кол­ку пак ви се слу­чи ва­ше­то де­те или ми­ле­ни­че да ски­не и да ста­ви во ус­та де­ло­ви од овие от­ров­ни бил­ки и при­тоа се по­сом­не­ва­те на тру­ење, ит­но по­ба­рај­те ле­кар­ска по­мош и ни­ка­ко не­мој­те да се оби­ду­ва­те са­ми да го ле­ку­вате.

Прочитајте и...  Валентина Сампаио е првиот трансродов модел во угледниот „Sports Illustrated“ (ФОТО)

ОЛЕ­АН­ДЕ­РОТ е цве­ќе кое е поз­на­то ка­ко от­ров за ср­цето. До­кол­ку де­те­то гол­т­не дел од цве­тот или од лис­јата, се ја­ву­ва­ат проб­ле­ми со крво­то­кот, арит­мија, мач­нина, пов­ра­ќа­ње и про­лив. Оле­ан­да­рот е по­се­бен по тоа што баш се­кој не­гов дел е от­ро­вен – ду­ри и слу­чај­но­то вди­шу­ва­ње на ча­дот од за­па­лен оле­ан­дер мо­же да пре­диз­ви­ка здрав­стве­ни проб­леми.  Оле­ан­де­рот мо­же да има цве­то­ви во бела, ро­зо­ва и цр­ве­на боја, па е по­себ­но прив­ле­чен за дет­ски­те ра­чиња. Ме­ѓу­тоа, до­во­лен е са­мо еден цвет за да дој­де до тру­ење.

Image result for oleander

ЖОЛ­ТИ­ОТ НАР­ЦИС е ед­но од поот­ров­ни­те цве­ќи­ња кои мо­же­те да ги по­се­ду­вате. Кај ова рас­те­ние, на­јот­ро­вен е ко­ре­нот. Иа­ко из­гле­да прек­расно, раз­мис­ле­те двапа­ти пред да го по­са­дите. Ако се по­сом­не­ва­те де­ка ва­ши­от ми­ле­ник ко­пал во зем­ја­та и кас­нал дел од ко­ре­нот, вед­наш од­не­се­те го на ве­те­ри­нар. Пр­ви­те зна­ци на тру­е­ње се ди­ја­реја, пов­ра­ќање, гр­че­ви и арит­мија.

Прочитајте и...  Првиот возач на автомобил во светот била жена, возела 106 километри со брзина до 40 км на час

Image result for zuti narcis

ДО­МАШ­НА­ТА ЈАГ­ЛИ­КА е рас­те­ние кое со сво­и­те влак­ненца на ко­ра­та ос­та­ва цр­ве­ни тра­ги кои пре­диз­ви­ку­ва­ат че­ша­ње а по­не­ко­гаш се ја­ву­ва­ат и ме­ур­чиња. До­кол­ку де­те­то или ми­ле­ни­чето кас­не дел од јаг­ли­ка­та ќе поч­не да пов­ра­ќа и то­гаш тре­ба да му се да­де мно­гу во­да за да се на­ма­ли концен­тра­ци­ја­та на от­ро­вот.

Related image

ФИ­КУ­СОТ е рас­те­ние кое го има во мно­гу до­мови. Оваа по­пу­лар­на соб­на билка, ко­ја не е тол­ку от­ров­на – во кон­такт со ко­жа­та мо­же да пре­диз­ви­ка че­ша­ње и пе­чење, а во слу­чај на про­гол­ту­ва­ње и че­ша­ње на гр­лото. По­ма­га ис­пи­ра­ње со лад­на вода.

Image result for fikus

РО­ДО­ДЕН­ДРОН е рас­те­ние со прек­рас­ни цве­то­ви кои се сов­рше­ни за ва­ши­от двор, но би­де­те по­себ­но вни­ма­тел­ни ако го на­са­дите. Ако слу­чај­но дој­де до кон­су­ма­ци­ја на цве­тот нас­та­ну­ва тру­е­ње со бол­ка во сто­ма­кот, по­теш­ко­тии во ди­ше­њето, па­ра­лиза, па ду­ри и кома.

Прочитајте и...  Билките и фенг шуи: Некои ни носат среќа, други богатство, трети љубов...

Image result for rododendron

ХОР­ТЕН­ЗИ­ЈА е цве­ќе кое по­ра­ди сво­ја­та уба­вина, ма­ми на прв пог­лед. Се­пак би­де­те осо­бе­но вни­ма­телни, за­тоа што ова цве­ќе сод­ржи го­ле­ми ко­ли­чес­тва на опа­сен от­ров ци­ја­нид. Лу­ѓе­то и жи­вот­ни­те би тре­ба­ло да изе­дат го­ле­ма ко­ли­чи­на од ова цве­ќе за да дој­де до тру­ење, но се­пак, зош­то би ри­зи­ку­вале?

Image result for hortenzia

ФИ­ЛАН­ДЕН­ДРО­НОТ е цве­ќе чии лис­то­ви  мо­же да ја ири­ти­ра­ат ко­жа­та и ус­тата. Ако се ста­ви во ус­тата, мо­же да дој­де до отеж­на­то ди­шење, оте­ку­ва­ње на гр­ло­то и проб­ле­ми со сто­ма­кот.

Image result for philodendron

Прочитај повеќе

На копачките напишал „душо“ и го ставил знамето на нејзината земја: Како започна љубовната приказна на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ (ФОТО)

Слободен Печат

Кејти Пери и Орландо Блум открија кој ќе му биде кум на бебето

Слободен печат

Муза на Хичкок и принцеза на Монако: Модната икона Грејс Кели која се откажа од актерството во врвот на кариерата! (ФОТО)

Слободен Печат

Како да одберете совршени праски?

Слободен печат

Емилија Димитриевска, поранешна боксерка и манекенка: Манекенството е професија полна со предрасуди

Ј.К.Д

Модното парче кое никогаш не заминува од мода: Најдобрите модели на малиот црн фустан! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бруклин Бекам ја запросил Никол со дијамантски прстен вреден вртоглави 200.000 долари (ФОТО)

Слободен печат

Поради неа денот трае подолго: Градбата која го успори движењето на Земјата! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Добро ни дојде ќерко Вероника: Маријан Стојановски стана татко! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кој е одговорен за повеќе од 50 отсто од новите случаи на заболени со ковид-19

Слободен печат

Внукот на легендарниот Елвис Присли изврши самоубиство на 27-годишна возраст!

Слободен Печат

Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката со ракот

Слободен печат