ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус и продолжува со антибугарската хистерија

ВМРО Народна партија/Лого

ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија продолжувајќи со манипулација и искривување на фактите, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-Народна партија.

ВМРО-Народна партија сака уште еднаш да им го прераскаже претходното соопштение на сите оние кои не успеале да го разберат.

Да повториме, ВМРО-Народна партија зборува за конкретен ден, 13 ноември 1944 година во кој според сите светски извори вклучително во најново време и српските, бугарската армија после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт земала учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт.

На тој пат има ослободено повеќе градови во источна Македонија, водела голема битка кај Страцин против германските фашистички сили и учествувала во ослободувањето на Скопје, а понатаму кон Косово и Србија.

ВМРО-ДПМНЕ го поставува прашањето на СДСМ што таа мисли за тој наш став, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ пак потврдува дека сè уште живеат во идеолошките матрици на комунизмот и треба да го постават прашањето што мисли светската историска наука, а не нивните индоктринирани умови. Конечно во нашето прво соопштение имаше и една друга провокација до ВМРО-ДПМНЕ, а и до другите сили кои учествуваат во антибугарската хистерија, јасно и гласно да ни кажат кои беа фашистите во Скопје на 13 ноември 1944 година, велат од ВМРО-НП.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот