ВМРО-НП поднесе седум предлози до Владата за поинтензивен економски развој

Љупчо Балкоски
Љупчо Балкоски / Утрински брифинг

По повод донесувањето на државниот Буџет за 2023 година и Законот за негово извршување, ВМРО-НП до Владата достави предлози кои, според пратеникот од оваа партија Љупчо Балкоски, ќе придонесат за поинтензивен економски и општествен развој при спроведувањето на Буџетот.

Еден од предлозите, како што информира Балкоски на денешната прес-конференција во Собранието, е формирање на Министерство за млади, кое преку систем на мерки и закони ќе обезбеди можности за младите и услови за образование и студирање, вработување во државни институции, во земјоделството, отпочнување на сопствени работи, како и обезбедување на можности за домување.

Дел од предлозите се и формирање Министерство за туризам, предлог на нови национални паркови, заштита на Преспанското Езеро преку изградба на хидросистем, определување и проектирање на главни патни оски во државата, донесување на Акциски план на Министерството за култура и формирање на Координативен центар за Скопје – Европски град на културата за 2028 година.

– Определените и доставени предлози до Владата ќе придонесат за повисоко ново на активност и одговорност на државните институции и основа за планиран и зголемен економски развој и потенцирано промовирање на Република Северна Македонија пред европската јавност во состојба на почеток на преговорите за членство во ЕУ, заклучи Балкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот