ВМРО-Народна партија реагира: Отворените листи за советници ќе направат хаос на локалните избори

По повод информацијата дека големите партии се имаат договорено, изборниот Закон да го променат на тој начин што советниците ќе бидат избирани со отворени листи и со цензус од три проценти, реагираат од ВМРО-Народна партија.

– ВМРО-Народна партија сака да ја сподели својата анализа дека ова е само уште еден чекор со кој големите партии заеднички се договараат да ги збришат сите мали политички партии од македонската политичка сцена.

И така законот кој беше инициран со мотивација како да им се помогне на малите партии на крајот ќе заврши со цел како да се избришат малите политички партии.

ВМРО-Народна партија смета дека отворените изборни листи ќе направат невиден хаос во изборниот модел во кој македонската демократија уште повеќе ќе биде девалвирана.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека можеби е најдобро да остане Законот таков каков што беше и досега, стои во реакцијата на ВМРО-Народна партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот