ВМРО-ДПМНЕ: Заев е некрофил кој сака да брои жртви наместо гласови

Фото: МИА

Заев е некрофил кој сака да брои жртви наместо гласови за да си ја задржи фотелјата која му обезбедува пари. СДСМ сака да оди на избори кои ќе бидат кланица за граѓаните, особено повозрасните и хронично болните, наведуваат во соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев не го есапи здравјето на граѓаните, на Заев му е единствено битно да продолжи да дели лиценци за марихуана додека луѓе умираат и да се расфрла со тендери на нему блиски фирми. Доколку му беше важно здравјето на граѓаните немаше денеска во ден кога броиме над 100 жртви да заговара брзи избори, а гледа дека ситуацијата со заразени не стивнува, а смртноста расте. Заев и СДСМ се единствен политички субјект кој сака брзи избори. На сите лидери на политички партии поважно им е здравјето на граѓаните, само на Заев неговите милиони и фотелјата- стои во соопштението.

Заев покажува дрскост од невидени размери.

-Сите држави од западниот свет како што е примерот со Франција ќе одат на избори со политички консензус и со однапред цврсти уверувања од здравствените власти, само Заев во стилот на средновековен феуд се однесува со луѓето и нивното здравје како да се негова сопственост. Денешната изјава на Заев е само уште еден доказ за неговата криминогеноста и антидржавен карактер. Со Зоран Заев и СДСМ Македонија не може да очекува просперитет, туку стагнација- се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ, наведуваат оттаму, со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот