ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување

Фото: МИА

ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување и катарза најавено од страна на претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани.

Огласите се активни до 15.08.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на нашата татковина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот