ВМРО-ДПМНЕ: Николов место да облече бел мантил, размислува како да се смести во градоначалничка фотелја

Во време на пандемија кога Република Македонија секојдневно брои жртви од корона вирусот, СДСМ и Сашко Николов се насочени на предвремените локални избори во Штип, немајќи ни малку чувство и емпатија кон сограѓаните додека целиот народ се бори да преживее, велат од опозицијата.

-Сашко Николов наместо да облече бел мантил и да биде во првите редови секојдневно во борбата со пандемијата, тој размислува само како да се смести во градоначалничката фотелја, со цел да ја продолжи серијата криминали од страна на СДСМ. Со самото учество на предвремените локални избори во Штип, СДСМ покажува незаинтересираност во однос на моменталната здравствена ситуација во Република Македонија, односно големи средства од буџетот свесно ги трошат за организирање на изборите. На Штип не му треба нов градоначалник за само осум месеци, поради тоа што веќе наредната година следуваат редовните локални избори, туку на Штип му требаат нови амбулантни возила, јавни здравствени капацитети и респиратори, кои ќе бидат од помош на граѓаните. Во вакво време невреме, човечки е да се помогне на сограѓаните кога веќе главната дејност на Сашко Николов е медицината, наместо да дели флаери за неговата градоначалничка кандидатура- велат од опозцијата.

Оттаму преку соопштение потенцираат, дека во Република Македонија речиси на секој еден час умира по еден човек.

-Тоа е страшен и поразителен факт за државата и сите капацитети мора да бидат насочени кон решавање на сите проблеми во јавното здравство и заеднички да се избориме со оваа пандемија. Додека СДСМ се спрема за локални избори и за ново устоличување на еден од играчите на Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се бори за здравјето на граѓаните- велат од опозицијата.

СДСМ: Долгогодишниот сон на штипјани станува реалност, довербата ќе ја дадат на доктор Николов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот