ВМРО-ДПМНЕ до Жбогар: Власта наместо квалитетни, ќе постави подобни судии и обвинители

ВМРО-ДПМНЕ вчера испратиле писмо до евросамбасадорот Самуел Жбогар каде го информираат дека во собраниската процедура е владиниот предлог-законот за Академија за судии со кој на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата.

„Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата.

Со предлог законот исто така се злоупотребува знамето на ЕУ, но не за да се усогласи законот до некоја ЕУ регулатива, туку само за скратување на роковите за постигнување на политичката цел на власта да ги дерогира стандардите за упис на Академијата, со директно мешање на претставникот на министерството за правда во испитната комисија. Затоа упативме и писмо до амбасадорот на ЕУ, г-нот Жбогар, за да даде одговор за ваквата злоупотреба.

На расправата на Комисијата за политички систем укажавме дека власта има цел наместо мерит систем и квалитет, да воведат принцип на дискреција за подобни луѓе и роднини, синови и ќерки на високи судски функционери, високо рангирани обвинители и актуелни политичари да одлучуваат кој ќе бидат идни судии и јавни обвинители по теркот влијателните луѓе од власта.

Веќе станува јасно дека има кандидати кои се привилегирани и по основ на непотизам и/или партиска подобност се веќе сигурни дека ќе го поминат испитот за влез во Академијата, како синот на Претседателот на еден суд, ќерката на една обвинителка од ОЈО, снаата на една сегашна функционерка од СДСМ во Собранието, синот на Претседателот на едно правосудно тело, внуката на поранешна пратеничка од СДСМ (сега вработена во СЈО), синот на еден висок државен функционер на ДУИ, блиска личност на генералниот секретар на владата, партиски адвокат од ОО на СДСМ од внатрешноста и други повластени кандидати за идни судии. Принципот на еднакви шанси при конкурирањето во Академијата е девалвиран.

За ова писмо очекуваме одговор од Амбасадорот Жбогар, а темата ќе ја искомуницираме и со ЕК во Брисел, вели Милошоски.

Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата,…

Publiée par Antonio Miloshoski sur Mardi 17 septembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот