ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Тој повика, како што рече, оваа лакрдија веднаш да заврши и веднаш да се распишат избори.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево од Собранието побара од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство кој според нив е донесен нелегално.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција рече дека она што се случило денеска на пленарната седница е погазување на демократијата и спротивно на одредбите на Деловникот за работа.

– Ова е авторитарно владеење на дело. Ова веќе не е демократија. Одлуката на Собранието е неделовничка и противзаконита. Ваков закон, кој не е донесе,  не смее да биде потпишан од претседателот Пендаровски и го повикауваме да не дава легитимитет на вакво брутално кршење на зкаоните и процедурите, истакна Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Мицевски, ќе останат во Собранието и ќе присуствуваат само на седницата на која ќе се одлучува за распуштање на овој парламентарен состав.

– Очекуваме денес да има распуштање на Собранието. Ќе бидеме присутни во Собранието, а не во салата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во салата кога ќе се гласа за распуштање на Собранието, рече Мицевски, додавајќи дека сето ова што го прави СДСМ е бегство од избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот