ВМРО-ДПМНЕ апелира да се извештачат телефоните на Боки 13 и Заев

На денешната прес-конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, побара обвинителството да спроведе истрага по завршните зборови на Бојан Јовановски-Боки 13, во кои тој тврдеше дека поранешниот премиер Зоран Заев му рекол оти СЈО направило лошо со отворање на случајот „Империја“ бидејќи Орце Камчев имал под контрола 3 пратеници, а Сашо Мијалков повеќе, за да гласаат за уставните измени, пренесува 360 степени.мк.

-Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот ‘Рекет’ се тврди дека постои СМС-порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: ’Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите‘. Се поставува прашањето како дошле доказите за ‘Рекет’ до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за ‘Рекет’ ја направил на 2 мај? Дали тоа значи дека доказите од обвинителството прво одат на проверка во владата на СДСМ и кај Зоран Заев, а дури потоа одат во судница?, рече Милошоски и дополни дека треба да се извештачат телефоните на Јовановски и Заев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот