Власта ги одби сите амандмани на опозицијата за државниот буџет за догодина

буџет
Седница на собраниската Комисија за финансирање и финансирање и буџет / 15 ноември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Една милијарда денари за субвeнции на фотонапонски панели за домаќинствата за производство на струја, и зголемување на субвенциите за вградување на плински уреди во автомобилите беа дел од предложените амандмани од опозицијата за предлог-буџетот за следната година, кои беа одбиени од министерот за финансии Фатмир Бесими, со образложение дека и во владината програма за зелен развој, но и во одредени мнистерства, се предвидени пари за вакви субенции.

„Во делот на програмата за зелен развој стои дека Генералниот секретаријат ќе предложи прогами како институција, во многу други слични ставки од буџетот кои се реализираат од буџетски корисници тие програми се носат по носење на буџетот во Собрание. Пред да имаме изгласан буџет не може да почне ниту една програма затоа што немаме документи врз основа на што ќе се подготват програмите“, рече Бесими.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа увид во програмата за зелен развој бидејќи, според нив, од предложениот буџет не може да се види колку пари се планира да се одвојат за вакви субвенции.

„Малку е неблагодарно ние вака да чекаме што ќе биде во таа програма зелен развој откако ќе се изгласа буџетот а во меѓувреме сите ваши оправдувања зошто не се прифаќаат особено овие амандмани од еколошки карактер да се сведуваат на образложение дека тоа е предвидено во програмата зелен развој. Кажете ни точен назив на програмата, точни суми и за што, бидејќи овие амандмани се дадени врз основа на тоа што нема увид во буџетот што значи зелен развој“, рече Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО- ДПМНЕ.

Пратениците во комисијата досега расправаа за десет амандмани од вкупно 200 поднесени. Амандманската расправата ќе трее уште два дена,за потоа текстот да се достави до Владата која треба да ги вгради прифатените амандмани. Очекувањата се дека до 10 декември ќе биде изгласан буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот