Влаховиќ играч на месецот во Серија А

Душан Влаховиќ со 20 гола е прв стрелец во Серија А/ фото: EPA-EFE/Claudio Giovannini

Унијата на фудбалери во Италија (АИЦ) го прогласи новиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ за фудбалер на месецот во Серија А за февруари.

Влаховиќ во зимскиот преоден рок пристигна во Јувентус од Фиорентина во трансфер вреден 80 милиони евра и веднаш почна да ги оправдува вложените пари.

Српскиот репрезентативец во февруари одигра шест натпревари за Јувентус на кои постигна четири гола, од кои три во Серија А и имаше една асистенција.

Влаховиќ доби речиси 60 отсто од гласовите и ги победи Хамед јуниор Траоре од Сасуоло, Адриен Трамезе од Верона и Гастон Переира од Калјари. Влаховиќ е најдобар стрелец во Серија А со 20 постигнати голови од кои 17 даде во дресот на Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот