Арбен Фетаи / фото: Влада на РСМ

Владеењето на правото е основа на нашата иднина, вели вицепремиерот Фетаи

На денешниот состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи ја нагласи важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество, велат од неговиот кабинет.

„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ рече Фетаи.

Тој изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Според Фетаи, последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е „јасен повик за итна акција“.

Вицепремиерот побарал тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.

„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ рекол Фетаи, според соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот