Владата во недела на Школка во Градски парк организира прослава на Денот на независноста

Под мотото „Боите на независноста” во недела кај Школка во Градскиот парк ќе биде организирана прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Прославата ја организира Владата, а најавено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус”, Ај кју, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности и да ја видат изложбата на деца од малите групни домови. На штандот на Министерството за здраство граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед, а припадниците на МВР и АРМ ќе изведат показни вежби.

Прочитајте и...  Како изгледа кога авион ќе влета во силна бура (ВИДЕО)

– Владата на Република Северна Македонија ги кани сите граѓани во недела на заедничко чествување во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11 часот пред Школка. Под мотото „Боите на независноста” ве покануваме заедно да ги прославиме боите на слободата, радоста и убавината, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Прочитај повеќе

Спиропали: Господ нека му помогне на Илир Мета

Маријана Митровска

Две лица починаа во Иран, денеска им беше потврден коронавирусот

Слободен печат

Колку кокаин заплени МВР? Македонија била крајна дестинација

Слободен печат

Пленковиќ: Ако обвинителот Јелениќ не поднесе оставка, ќе го разрешиме

Слободен печат

Шентоп: Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија

Слободен печат

МАЖИ СО ПУШКИ И ЖЕНИ СО МАРАМИ ВО БАЗЕН: Политичари под кривичен прогон за расистичка боенка

Слободен печат

Остави Коментар

11 + осум =

Прочитај повеќе

Георгиева: Коронавирусот е сериозна неизвесност со која се соочува глобалната економија

Слободен печат

Чулев не ја потврдува количината на запленетата дрога во Сарај

Слободен печат

Бугарскиот патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на наша поддршка

Слободен печат

Пратеничката листа на ДУИ во петтата изборна единица ќе ја предводи Џафери?

Слободен печат

Македонските деца имаат релативно светла иднина

Слободен печат

Грипот ги изненади здравствените власти, мерки за заштита сè уште нема

Мими Ш. Петкова