Владата разгледа информација дека почнал да се изработува нов Национален план околу тоа како да се управува со квалитетот во администрацијата

Администрација / Фото: МИА

Владата на денешната 85-та седница ја разгледа Информацијата за почеток на изработка на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија 2023-2025 година, подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Новиот Национален план има за цел подобрување на услугите што владините институции ги нудат преку изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа.

– Ваквите иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегрирани во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции, информира владината Прес-служба.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, подготовката на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор за периодот 2023-2025 година, Министерството за информатичко општество и администрација го започна со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот