Пожар во бар во Кран-Монтана, Швајцарија / Фото: MAXIME SCHMID / AFP / Profimedia

Владата нема информации за нашинецот исчезнат во пожарот во Швајцарија

Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека има еден македонски државјанин кој сè уште е исчезнат и бил во зградата каде што избувна трагичниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, но дека засега нема информации за него.

„Последното известување што го добив од надлежните институции е дека има лице со државјанство од РСМ. Во контакт сме со властите и кантоналната полиција и ќе ја информираме јавноста штом добиеме повеќе детали. Чекаме повеќе. Станува збор за едно лице“, рече Митева на прес-конференција во Владата.

Исчезнатиот млад човек, Стивен Ивановски, чие семејство вчера објави дека бил на забава во Кран-Монтана во барот каде што избувнал пожарот, сè уште не е пронајден. Семејството апелираше до секој што можеби го видел Стивен или има какви било информации во врска со неговите движења, како и до оние што имаат информации дали е хоспитализиран во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следниве телефонски броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 745.

ВИДЕО | Трагедијата во Кран-Монтана: Очевидци опишуваат кошмар, „стапица на смртта“ и единствен излез за бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот