Љупчо Коцевски/фото Слободен Печат/слободан Ѓуриќ

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Коцевски

Владата соопшти дека донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Одлуката попладнево на прес-конференција ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.

Како причини за ваквата одлука, таа го наведе и последниот Индекс за корупцијата на „Транспаренси интеренешнел“ според кој Македонија падна за 12 места подолу на скалата во однос на 2023. Како причина се наведува и последното именување за вршител на должноста шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое, според Владата е незаконско.

Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.

Коцевски реагира откако Владата објави дека ќе го разрешува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот