Македонија - Бугарија Фото: Слободен печат/ Архива

Владата ќе ги прифати сите објективни и применливи забелешки за Акцискиот план за малцинствата

Во однос на реакциите од Бугарија, Муцунски изрази разочараност од начинот на комуникација на Софија, оценувајќи дека голем дел од забелешките не се дадени во добра верба и не се засновани на објективна проценка на состојбата со малцинските права.

Сите забелешки за Акцискиот план за малцинствата кои не се тенденциозни и се објективно применливи ќе бидат прифатени, изјави денеска министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Тој информира дека пристигнале забелешки и од здруженија на малцинствата во земјава, како и од Бугарија, кои во моментов се предмет на анализа. Ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот и кои државата реално може да ги спроведе.

– Во сетот забелешки има објективни забелешки коишто може да се вменат, а има и забелешки кои се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу тоа што може да го примениме и тоа што не може да го примениме бидејќи замислете, утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме. Истата оваа Бугарија ќе спори пред Европската Унија дека не напредуваме по однос на акцискиот план за малцинства. Мора да ги гледаме овие прашања низ една темелита призма бидејќи ваквите документи создаваат обврски и за државата и за нејзините институции – вели тој.

Бугарите велат едно, Мицкоски друго – каде запна Акцискиот план за правата на заедниците?

Во однос на реакциите од Бугарија, министерот изрази разочараност од начинот на комуникација на Софија, оценувајќи дека голем дел од забелешките не се дадени во добра верба и не се засновани на објективна проценка на состојбата со малцинските права. Тој го оцени како срамен и некоректен и пристапот кон македонскиот јазик во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

Муцунски истакна дека Акцискиот план е квалитетен документ, изработен со учество на домашни и меѓународни експерти, вклучително и тим од Советот на Европа. Според него, документот не е наменет за едно конкретно малцинство, туку е насочен кон унапредување на правата на сите малцинства во државата.

Тој додаде дека меѓународните експерти оценуваат оти земјата има високи стандарди за малцинските права, споредливи и со дел од земјите членки на ЕУ, но нагласи дека секогаш постои простор за дополнително подобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот