Владата глува на апелите за изработка на Закон за вонредна состојба

Фото: МИА

Постои итна потреба да се донесе Закон за вонредна состојба, порача универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски, додавајќи дека периодов треба да се искористи и да се консултираат експертите, затоа што со вонредната состојба на површина излегле голем број недефинирани елементи, а носители на законското решение да бидат министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

– Жалам што покрај МВР и Кабинетот на претседателот на државата, Владата не покажа интерес за препораките на Факултетот за безбедност, вели Ѓуровски.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, неодамна најави дека ќе се подготвува Закон за вонредна состојба, но според информациите, деталите најрано би биле познати наредната година, а во меѓувреме се формира работна група што ќе го подготвува текстот.

Претходно, професори од Факултетот за безбедност апелираа со новиот Закон за вонредна состојба да се прецизира постапката за донесување на уредби со законска сила кои ги донесува Владата, како и да се предвиди посебна норматива за меѓународна соработка во услови на вонредна состојба, која ќе ја регулира меѓународната соработка која државата ја остварува во услови на вонредна состојба, особено од аспект на меѓународната помош и поддршка и координиран одговор на криза или вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот