Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет

Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата,  а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Не е само да се разрешува, туку треба и  да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме овие разговори, ќе ги соопштиме одлуките – рече Заев.

Владата денеска има закажано седница, но смените ќе ги разгледува и на наредната седница идната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот