Вкусови што се памтат: Руска кујна – Боршч (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

Боршч или руска супа од цвекло е национален рецепт на Русија и гордост на руската кујна.
Особено е препорачлива во овој период кога настинките и вирусите царуваат.

Состојки:

– 100гр. морков
– 100гр. компир
– 100гр. црвена зелка
– 100гр. цвекло
– 100гр. кромид
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица брашно

Подготовка:

Сите состојки се сечкаат на ситни коцки. Во сад со вода се додава прво цвеклото кое се вари 20 минути пред да се додадат и останите состојки. Супата се вари додека убаво не омекнат и пуштат од својот природен сок и боја, секако цвеклото ќе доминира. Во тава на малку масло се прави запршка со една лажица брашно и црвен пипер и се истура врз сварената супа. Се вари уште малку за да се соедини со запршката. Се сервира со кисела павлака.

Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот