Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Млинци со пилешко (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Мирис на тазе печена Личка погача со кисело млеко, или можеби мирис на домашен леб со пченка, пршута и маслинки. Мирис на манџа со зелка и колбаси, сарма или колбас, солени сардини, пастикада и уште многу специјалите кои потсетуваа на прекрасната хрватска кујна.

Денес на мени е уште еден уникатен хрватски рецепт, а тоа се традиционалните млинци или варени кори кои се служат со печено месо и руска салата по желба.

Состав:

– 1 пиле
– 1/2 литар вода
– 1 кг. брашно
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Најпрво замесете тврдо тесто од вода, брашно и сол. Потоа од тестото расукајте околу 12 тенки кори кои ќе ги печете на тивко во плех обложен со хартија за печење.

Потоа истите кори убаво ќе ги искршите и ќе ги сварите како тестенини во солена вода. Тоа се млинците.

Во огноотпорен сад го ставате пилето и го печете убаво зачинето и посолено.

Штом се испече пилето врз него се додаваат испечените млинци или кршените кори убаво да впијат од сокот кој го пуштил месото.

Се послужува додека е топло.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Рожата (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Личка погача (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот