„Вистински Аквамен“: Маж од Тонга пливал 27 часа во брановите по цунамито

Тонга по цунамито/ Фото Handout / AFP / Profimedia

57-годишен маж од Тонга, кој во саботата бил однесен од брановите по вулканска ерупција, на социјалните мрежи е наречен „вистински Аквамен“.

Најмалку три лица загинаа по ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи, кој предизвика разорно цунами кое оштети многу села и градови и ја прекина комуникацијата.

Лисала Фолау, кој живее на малиот изолиран остров Атата со околу 60 жители, ги извршувал секојдневните обврски во моментот на цунамито. Околу 19 часот дошле огромни бранови и го однеле во морето, пишува Гардијан.

Фолау изјави дека го напуштил својот дом иако неговиот брат го предупредил за цунамито, а набргу потоа, брановите ја поплавиле неговата куќа.

Прво се качил на дрво

Се качил на дрво за да го избегне првиот бран, но кога се спуштил, вториот голем бран го однел. Тој инаку имал проблем со нозете и не можел да оди правилно.

„Само лебдев, големите бранови ме фрлаа наоколу и постојано доаѓаа“, изјави тој.

Тој додаде дека подоцна успеал да исплива 7,5 километри до главниот остров Тонгатапуа, стигнувајќи до брегот 27 часа подоцна – во неделата околу 22 часот.

Успешната приказна на Фолау стана вирална на локалните Фејсбук групи и другите социјални мрежи.

„Тој е вистински Аквамен“, напиша еден корисник на Фејсбук, мислејќи на лик од стриповите и филмовите.

Островот Атата, кој се наоѓа на околу 8 километри северозападно од главниот град Тонга, е речиси целосно уништен во цунамито.

ВИДЕО: Цунами се шири низ Пацификот по ерупцијата на Тонга, и Америка го очекува ударот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот