Вистинската причина зашто СССР не настапи на ОИ 1984 година во Лос Анџелес беше допингот

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешниот шеф на московската антидопинг лабораторија, Григориј Родченков, во својата автобиографија открива досега непознати детали.

Англискиот весник „Mail on sunday“ објави делови од книгата во кога авторот Родченков пишува како учествувал во прикривањето на допингот на руските и во минатото на советските спортисти.

„Свесно ја мамев светската антидопинг агенција повеќе од 10 години за да ги прославам руските спортисти и така да ги радувам и воодушевувам спортските власти кои сакаа да ги зголемат успесите во спортот. Ги оправдував своите постапки со податокот дека ниту СССР ниту Русија немаа реална допинг контрола, па јас продолжив да одам по веќе утврдениот пат“, пишува Родченков.

Поранешниот шеф на московската антидопинг лабораторија пишува и за употребата на недозволените средства во нереални дози.
„Еден двоен олимписки шампион зема станозол во толку големи количини што кога ги внесувавме неговите податоци во апаратот се вклучи алармот. Имаше толку метаболити на станозол што подоцна неколку негови примероци покажуваа лажни позитивни резултати иако знаевме дека не користи стероиди извесен период. Дури и кога го разредив неговиот примерок со дестилирана вода во размер 10:1, апаратот и понатаму покажуваше големо присуство на станозол“.

Родченков во својата книга ја открива вистинската причина зашто тогашниот СССР ги бојкотираше Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година. Иако се мисли дека тоа е еден вид реванш за бојкотот на Американците во 1980 година, Родченков пишува дека причината е допингот.

„Советите планираа да сокријат лабораторија за допинг контрола на брод во пристаниште во Лос Анџелес за време на Олимписките игри 1984 бидејќи тогашниот шеф на антидопинг контролата на ИОК Манфред Донике и Дон Кетлин од Олимписката аналитичка лабораторија на универзитетот УКЛА објавија дека ќе можат да ги откријат сите илегални лекови и супстанци, вклучувајќи и станозол и тестостерон. Тестирањето на спортистите пред заминувањето на Игрите беше недоволно и тогашните советски спортисти требаше да имаат сопствена лабораторија на лице место за да се осигура дека ниту еден „валкан“ спортист нема да биде фатен. Кога Лос Анџелес одби да даде дозвола за влез на бродот, Политбирото одлучи да ги бојкотира Олимписките игри. По две години беа организирани Игри на добра волја во Москва, а сето тоа го финансираше Тед Тарнер и тоа беа први игри на кои се натпреваруваа спортисти од САД и СССР. Допинг контролата на тие игри беше формалност, нашата лабораторија откри 14 позитивни резултати но не ги пријавивме бидејќи никој не сакаше да фрли дамка на алтернативните ОИ“
, пишува Родченков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот