„Вистиномер“ тврди: Ракометарот Тот бил нападнат, постојат видео снимки

денис тот
Денис Тот ги бранеше боите на РК Бутел Скопје/Фото: Кочо Сотировски/Инстаграм

Сајтот за проверка на фактите „Вистиномер“ објавува нови детали за смртта на ракометарот Денис Тот кои се однесуваат на тоа дека бил нападнат пред да добие срцев удар пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје.

Ако може да му се верува на „Вистиномер“ кој својата верзија на приказната ја дознава од „два независни полициски извори“ – Денис Тот вчера изутрина „во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка“.

„Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар, пишува „Вистиномер“.

Според порталот, на снимките се гледало како „дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал“.

– Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош, објави „Вистиномер“.

Фетаи: Деталната истрага ќе ги покаже причините за смртта на Денис Тот, не бил под наркотици

Ракометарот Денис Тот на КАРИЛ се бори за живот, донесен е без срцева акција и без знаци на тепање

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот