Високите температури ги принудија властите да ја разубават Москва со вештачки снег

Фото: Твитер/@WildWildMoscow

Благата руска зима, според пишувањата на Би-Би-Си, е уште еден доказ за глобалното затоплување, дел од светскиот тренд кој вклучува рекордно топење на вечниот мраз во поларните региони.

Властите во Москва беа принудени да искористат вештачки снег во центарот на градот за време на прославите на Нова Година, поради фактот што ова е најтопла зима во главниот град на Русија уште од 1886 година.

Овој чекор предизвика навистина многу реакции во руската јавност, а фамозните московски температури оваа година ги нема. Првиот човек на руската Агенција за метеорологија, Роман Вилфанд, вели дека 2019 година ила најтопла во историјата на Русија.

Благата руска зима, според пишувањата на Би-Би-Си, е уште еден доказ за глобалното затоплување, дел од светскиот тренд кој вклучува рекордно топење на вечниот мраз во поларните региони.

Слично истурање на вештачки снег се случи и за викендот на Црвениот плоштад и на повеќе други локации во градскиот центар, кои сега се затворени за сообраќај за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Снегот е направен од искршен мраз од неколку лизгалишта во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот